Стар Завет

Нов Завет

Еремија 43:3-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. туку Варух, синот Нириин, те наговори да нè предадеш во рацете на Халдејците, кои ќе нè погубат или ќе нè одведат во вавилонско заточение!”

4. И Јоанан, синот Кариов, и сите заповедници и сиот народ не го послушаа Господовиот глас, за да останат во Јудејската Земја.

5. Туку Јоанан, синот Кариов, и воените заповедници го поведоа сиот Јудин остаток, оние кои што се беа вратиле од земјите во кои што беа заточени, за да се населат во Јудејската Земја:

6. мажите, жените и децата, и сите царски ќерки и сите луѓе кои Невузардан, заповедникот на телесната стража, ги остави кај Годолиј, синот Ахикамов, синот Сафанов, па и пророкот Еремија, и Варуха, синот Нириин,

7. та тие се иселија во Египет, зашто не го слушаа Господовиот глас. И дојдоа до Тафнес.

8. Во Тафнес му дојде Господово слово на Еремија:

9. „Земи во рацете големи камења и вгради ги, пред сите Јудејци, со кал во поплочницата пред влезот во фараоновиот дворец.

10. И речи им: ‘Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Еве праќам по Својот слуга Навуходоносор, вавилонскиот цар. Тој ќе го постави престолот врз овие камења што ги вградив и над нив ќе го оптегне својот царски шатор.

11. Да, ќе дојде и ќе ја порази Египетската Земја: Кој е за смрт, во смрт! Кој е за заточение, во заточение! Кој е за меч, под меч!

12. Тој со оган ќе ги изгори домовите на египетските богови, ќе ги изгори и ќе ги истера боговите, ќе ја исчисти Египетската Земја, како што пастирот ја треби својата облека. И тогаш, во мир ќе си отиде оттука.

Прочитајте целосна глава Еремија 43