Стар Завет

Нов Завет

Еремија 46:18-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Жив Сум Јас - зборува Царот, Кому Му е Името Господ над Воинствата - тоа ќе дојде како Тавор среде планините, како Кармил над морето.

19. Подготви го заточеничкиот врзулец, задомена египетска ќерко, зашто Мемфис ќе биде претворен во пустина, ограбен и ненаселен.

20. Египет беше убава јуничка, но доаѓа, доаѓа против неа гибел од Север.

21. А и египетските наемници што како згоени телиња живееја и тие се свртија, се дадоа во бегство, не можат да устојат, зашто ги достасува Денот на пропаста, дојде време да бидат казнети.

22. Слушај! Како змија да с’ска, доаѓаат со сета сила, со секири се нафрлаат врз неа, токму како дрварите.

23. Ќе ја исечат гората - говори Господ - иако е непроодна. Ги има повеќе од скакулците, им нема број.

24. Засрамена е Египетската Земја, му е предадена на народот од Север.”

25. Зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Еве ќе ги казнам: Тебискиот Амон, фараонот и Египет, и сите негови богови, цареви, фараонот и сите кои што се надеваат на него.

26. Ќе ги предадам во рацете на оние што им работат спроти глава, во рацете на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и во рацете на неговите слуги. А после Египет пак ќе биде населен, како во старите времиња - говори Господ.

27. Не бој се Јакове, Мој слуго, не плаши се, Израелу! Зашто, еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на заточението. Јаков пак ќе се смири, ќе живее спокојно, и никој не ќе го плаши.

28. Не бој се Јакове, Мој слуго, - говори Господ - зашто Јас Сум со тебе. Ќе ги сотрам народите меѓу кои те заточив, а тебе нема да те уништам сосем: но ќе те казнам според правдата, нема да те оставам неказнет.”

Прочитајте целосна глава Еремија 46