Стар Завет

Нов Завет

Еремија 47:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија за Филистејците пред фараонот да ја освои Газа.

2. Господ рече вака: „Еве, се дигаат води од Север и како збуени брзаци ја преплавуваат земјата и сè што е на неа, градовите и сите нивни жители. И луѓето викаат, и лелекаат сите жители на земјата,

3. покрај татнежот на копитата на неговите ждребиња, покрај тропањето на колите и тресокот на колцата. Татковците веќе не се грижат за своите деца, зашто рацете им се онемоштени,

Прочитајте целосна глава Еремија 47