Стар Завет

Нов Завет

Еремија 49:34-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Слово што Господ му го упати на пророкот Еремија за Елам, во почетокот на царувањето на Седекија, јудејскиот цар.

35. Господ над Восјките зборува вака: „Еве, ги кршам Еламовиот лак, с’ржта на неговата сила.

36. Ќе дотерам четири ветра против Елам од четирите краишта на небото, и ќе ги распрснам Еламците во сите четири ветра, и не ќе има народ каде не ќе стигнат еламските бегалци.

37. Ќе им втерам страв во коските на Еламците пред нивните непријатели. Ќе пуштам несреќа на нив, огнот на Својот гнев - говори Господ. Ќе испратам меч по нив додека не бидат сосем уништени.

38. И ќе го поставам Својот престол во Елам, и ќе ги сотрам таму царот и сите кнезови - говори Господ.

39. Ама ќе ја изменам кобта на Елам”- говори Господ.

Прочитајте целосна глава Еремија 49