Стар Завет

Нов Завет

Еремија 50:11-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Да! Радувајте се само и воскликнувајте, вие ограбувачи на Моето наследство! Потскокнувајте како јунче на пасење! ‘Ржете како ждребиња!

12. Вашата мајка се засрами многу, се усрами вашата родителка. Еве, последна е меѓу народите: пустина, сува и непроодна.

13. Заради Господовиот гнев ќе биде без население, сета ќе запустее. Секој што ќе помине покрај Вавилон, ќе се згрози и ќе свири со уста над неговите рани.

14. Наредете се против Вавилон, опколете го. Стрелци, стрелајте во него, не ги жалите стрелите - зашто Му згрешивте на Господа.

15. Од сите страни нека екнат бојни извикувања. Тој се предава! Столбовите му паѓаат, ѕидовите му се разурнуваат: Тоа е Господовата одмазда! Одмаздете му се на Вавилон, постапувајте со него, како што постапувал тој!

16. Истребете му ги на Вавилон и сејачот и жетварот што замавнува со српот во жетварските денови! Пред насилничкиот меч секој нека се врати при својот народ, нека бега во својата земја.

17. Израел беше разбркано стадо, лавовите го распрснаа, Асирискиот цар го голтна прав, а потоа, Навуходоносор, вавилонскиот цар, му ги скрши коските.”

Прочитајте целосна глава Еремија 50