Стар Завет

Нов Завет

Еремија 50:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз.

23. О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите!

24. Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнат си и фатен, зашто завојува против Господа!

25. Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во Халдејската Земја.

26. Удрете врз неа од сите страни, отворете ги нејзините житници, слагајте ја како снопје, затрете го Вавилон со уништување, за да не остане ништо од него.

Прочитајте целосна глава Еремија 50