Стар Завет

Нов Завет

Еремија 50:3-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Зашто од север се дига против него народ што ќе му ја претвори земјата во пустина; никој веќе не ќе живее во неа, и луѓето и стоката ќе избегаат и ќе си отидат.

4. Во тие денови и во тоа време - говори Господ - ќе се вратат Израелевите синови, и Јудините синови заедно ќе одат плачејќи и барајќи Го Бога, својот Бог.

5. Ќе прашаат за патот кон Сион, натаму ќе го насочуваат погледот: ‘Дојдете, да се соединиме со Господа со вечен Завет незаборавлив!’

Прочитајте целосна глава Еремија 50