Стар Завет

Нов Завет

Еремија 52:15-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Невузардан, началникот на телохранителите, го одведе во ропство Остатокот на народот што беше останал во градот, а така и пребегалците кај вавилонскиот цар и другото мноштво.

16. Некои од најбедните луѓе Невузардан ги остави во земјата како лозари и земјоделци.

17. Халдејците ги скшија бронзените столбови во Господовиот Дом, подножјата и бронзеното море во Господовиот Дом, а бронзата ја однесоа во Вавилон.

18. Ги зедоа и грнците, лопатите, ножевите, и воопшто сиот бронзен прибор што се употребуваше за богослужбите.

19. Заповедникот ги зеде и мијалникот, кадилниците, прскалниците, грнците, светилниците, чиниите, жртвените чаши, воопшто сè што беше од злато и сребро,

20. два столба, едно море и дванаесет бронзени волови под морето, подножјата што царот Соломон ги даде да бидат изработени за Господовиот Дом. Не е можно да се процени колку бронза имаше во сите тие предмети.

21. Првиот столб беше висок осумнаесет лакти - можеше да го опфати јаже од дванаесет лакти - беше дебел четири прсти, а внатре празен.

22. Имаше глава од бронза, висока пет лакти; и ја обвиваа мрежа и калинки, а сè од бронза. Таков беше и вториот столб.

23. А девеесет и шест калинки висеа слободно. Сè на сè во таа плетеница имаше околу сто калинки.

24. Заповедникот на стражата го одведе првосвештеникот Серај, вториот свештеник Софониј, и тројцата чувари на прагот.

25. Од градот ги одведе: еден дворјанец, воен началник; седум луѓе од царската придружба, кои се најдоа во градот; писарот на заповедникот на војската, кој собираше воини од народот и шеесет жители, кои се најдоа исто така во градот.

26. Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.

27. И вавилонскиот цар нареди да ги погубат во Ривла, во Ематска Земја. Така го иселија јудејскиот народ од неговата земја.

Прочитајте целосна глава Еремија 52