Стар Завет

Нов Завет

Еремија 52:16-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Некои од најбедните луѓе Невузардан ги остави во земјата како лозари и земјоделци.

17. Халдејците ги скшија бронзените столбови во Господовиот Дом, подножјата и бронзеното море во Господовиот Дом, а бронзата ја однесоа во Вавилон.

18. Ги зедоа и грнците, лопатите, ножевите, и воопшто сиот бронзен прибор што се употребуваше за богослужбите.

19. Заповедникот ги зеде и мијалникот, кадилниците, прскалниците, грнците, светилниците, чиниите, жртвените чаши, воопшто сè што беше од злато и сребро,

20. два столба, едно море и дванаесет бронзени волови под морето, подножјата што царот Соломон ги даде да бидат изработени за Господовиот Дом. Не е можно да се процени колку бронза имаше во сите тие предмети.

21. Првиот столб беше висок осумнаесет лакти - можеше да го опфати јаже од дванаесет лакти - беше дебел четири прсти, а внатре празен.

22. Имаше глава од бронза, висока пет лакти; и ја обвиваа мрежа и калинки, а сè од бронза. Таков беше и вториот столб.

23. А девеесет и шест калинки висеа слободно. Сè на сè во таа плетеница имаше околу сто калинки.

24. Заповедникот на стражата го одведе првосвештеникот Серај, вториот свештеник Софониј, и тројцата чувари на прагот.

25. Од градот ги одведе: еден дворјанец, воен началник; седум луѓе од царската придружба, кои се најдоа во градот; писарот на заповедникот на војската, кој собираше воини од народот и шеесет жители, кои се најдоа исто така во градот.

26. Заповедникот на телесната стража Невузардан ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.

27. И вавилонскиот цар нареди да ги погубат во Ривла, во Ематска Земја. Така го иселија јудејскиот народ од неговата земја.

28. Еве го бројот на луѓето кои Навуходоносор ги одведе во пленство: во седмата година три илјади и дваесет и три Јудејци;

29. во осумнаесеттата година Навуходоносорова: осумстотини триесет и две души од Ерусалим;

30. во дваесет и третата Навуходоносорова година, Невузардан, началникот на телохранителите, одведе седум стотини четириесет и пет Јудејци. Вкупно: четири илјади и шест стотини души.

31. А во триесет и седмата година откако беше заробен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и петтиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил Меродах, во првата година на своето владеење, го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темница.

32. Разговараше љубезно со него и столицата му ја постави повисоко отколку на другите цареви кои беа со него во Вавилон.

Прочитајте целосна глава Еремија 52