Стар Завет

Нов Завет

Еремија 6:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Бегајте, Венијаминови синови, од среде Ерусалим! Во Текуе затрубите во рог, на Вет Акерем издигнете бојно знаме! Зашто од Север се наднесе несреќа, голема пропаст.

2. Сионската ќерка е слична на убаво пасиште.

3. Кај неа доаѓаат пастирите со стадата. Насекаде околу неа оптегнаа шатори, секој пасе на својот дел.”

4. „Со неа зафатете свет бој! На нозе! Да нападнеме среде денот! Тешко ни, зашто денот навалува кон запад, а вечерните сенки се издолжуваат!

5. На нозе! Да нападнеме среде ноќта, да ги разурнеме нејзините дворови!”

6. Зашто Господ над Војските зборува вака: „Пресечете ги нејзините дрва, издигнете насип околу Ерусалим, тоа е град што е посетен, во него е сè само насилство.

7. Како што од кладенецот извира вода, така од него извира злото. Во него се слушаат само насилства и грабителство, пред Мене се секогаш болести и рани.

8. Поправи се, Ерусалиме, за да не Ми се одврати душата од тебе, за да не те претворам во пустина, во ненаселена земја.”

9. Господ над Воинствата зборува вака: „Доприбирај, доприбирај како лоза Израелев Остаток! Како берачите испружи ја раката меѓу прачките!

Прочитајте целосна глава Еремија 6