Стар Завет

Нов Завет

Еремија 7:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е словото што му дојде на Еремија од Господа:

2. „Застани пред вратата на Господовиот Дом, разгласи го таму оваа слово. Речи: ‘Чујте го Господовиот збор, сите Јудејци, кои влегувате низ оваа врата за да Му се поклоните на Господа.’”

3. Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: „Поправете ги своите патишта и своите дела, па Јас ќе престојувам со вас на ова место.

4. Не надевајте се на лажните зборови: ‘Господово светилиште! Господово светилиште! Господово светилиште!’

5. Но ако навистина ги поправите своите патишта и своите дела, и ако навистина ќе правите што е право, секој кон својот ближен,

6. ако не ги угнетувате странецот, сирачињата и вдовиците и ако не пролевате невина крв на ова место, ако не трчате по туѓи богови за своја несреќа -

7. ќе престојувам со вас на ова место, во земјата што им ја дадов на вашите татковци засекогаш.

8. Ама вие се надевате во лажни и неполезни зборови!

9. Зар да крадете, да убивате, да правите прељуба, да се заколнувате криво, да му палите темјан на Ваал и да трчате по туѓи богови што не ги познавате,

Прочитајте целосна глава Еремија 7