Стар Завет

Нов Завет

Еремија 7:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Ова им го заповедав: ‘Слушајте го Мојот глас, па Јас ќе бидам ваш Бог, а вие ќе бидете Мој народ. Одете по патот по кој што ви заповедав, за да ви биде добро.’

24. А тие не послушаа, не го приклонија своето уво, туку тргнаа по советот и закоравеноста на своето лошо срце; Ми ги свртија плеќите, а не лицето.

25. Од денот кога вашите татковци излегоа од Египетската Земја па до денешниот ден ви испраќав толку свои слуги, пророци, од ден на ден, неуморно.

26. Но тие не Ме слушаа, не го приклонија своето уво, туку го закоравеа вратот, полошо од своите татковци.

27. Можеш да им го речеш сè тоа, но нема да те послушаат; викни ги, не ќе ти одговорат.

Прочитајте целосна глава Еремија 7