Стар Завет

Нов Завет

Еремија 7:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Можеш да им го речеш сè тоа, но нема да те послушаат; викни ги, не ќе ти одговорат.

28. Затоа речи им: ‘Ова е народ кој не го слуша гласот на Господа, својот Бог, и не прима опомени. Ја снема вистината, ја снема од нивната уста.

29. Истрижи ја својата долга коса, фрли ја. По голините затажи со тажачка, зашто Господ го отфрли и го остави родот на кого се разгневи.

30. Да, Јудините синови, прават што е зло во Моите очи - зборува Господ. Поставија грозотии во Домот што се вика со Моето Име, за да го осквернат;

31. издигнаа тофетски високи места во Долината Бен Еном (Еномови Синови) и ги горат во оган своите синови и ќерки - што Јас никогаш не им заповедав, ниту пак тоа некогаш Ми падна на ум.

Прочитајте целосна глава Еремија 7