Стар Завет

Нов Завет

Еремија 8:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Во она време - зборува Господ - ќе ги извадат од земјата коските на јудејските цареви, коските на нејзините кнезови, коските на свештениците, коските на пророците и коските на ерусалимските жители.

2. И ќе ги распрострат кон сонцето, кон месечината и кон сета небесна војска, кои ги љубеа, на кои им служеа, кои ги следеа, кои ги прашаа за совет и на кои им се поклонуваа. И не ќе ги соберат ни ќе ги погребат; ќе останат како гној по земјата.

3. Тогаш на оние што ќе останат од тие лоши племиња, по сите места каде што ќе ги распрснам, смртта ќе им биде помила од животот - слово е на Господа над Војските.

4. Речи им вака: ‘Господ зборува вака: „Ако падне некој, нема ли да стане пак? Ако заскита некој, нема ли да се врати пак?

5. Тогаш зошто ерусалимскиот народ скита упорно и непрекратно? Цврсто се држат за лагата, не сакаат да се обратат.

6. Внимавав и прислушкував: не зборуваат како што треба. Никој не се кае заради своето зло, и не вели: „Што сторив?” Секој се завртува по својот пат, како коњ што трча во бој.

7. Па и штркот под небото го знае своето време, грлицата, ластовичката и жеравот го пазат времето кога треба да се вратат. А Мојот народ не го познава Господовиот суд!

Прочитајте целосна глава Еремија 8