Стар Завет

Нов Завет

Еремија 9:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. О, кој би ја претворил мојата глава во воден извор, а моите очи во вруток солзи, дење и ноќе да плачам над загинатите свои ќерки, на својот народ!

2. Ако имав престојувалиште во пустината, ќе го оставев својот народ и ќе отидев далеку од него. Зашто сите тие се прељубници, собир на вероломство.

3. „Јазикот го напнуваат како лак, лагата, а не вистината, преовладува на земјата. Од зло кон зло се втурнуваат, Мене не Ме познаваат - зборува Господ.

4. Секој нека се чува од пријателот, а брат на братот нека не му верува, зашто секој брат постапува како Јакова, а секој пријател разнесува клевети.

Прочитајте целосна глава Еремија 9