Стар Завет

Нов Завет

Естир 1:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И царицата Астина даде гозба за жените во царскиот дворец на царот Ахасвер.

10. На седмиот ден, кога царевото срце беше весело од вино, им нареди на Меуман, Висат, Арвон, Викта, Авакта, Зетар и Харкас, на седуммината скопенци, кои му служеа на царот Ахасвер

11. за да ја доведат пред него царицата Астина со царскиот венец, за да им ја покаже на народот и на кнезовите нејзината убавина. Таа навистина беше привлечна.

12. Но царицата Астина не сакаше да му се одѕвие на царскиот повик, што и го пренесоа дворјаните. Тогаш царот се разбесна многу и неговиот гнев се распламта.

13. И ги запраша мудреците кои ги познаваат времињата. Зашто секоја царска работа се проучуваше така меѓу оние кои ги познаваа законите и правото.

Прочитајте целосна глава Естир 1