Стар Завет

Нов Завет

Естир 2:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Царот ја заљуби Естира повеќе од сите други жени; таа му омиле повеќе од сите други девици и таа ја придоби неговата наклонетост. И тој го стави царскиот венец на нејзината глава, па таа стана царица место Астина.

18. Потоа царот даде голема гозба, во чест на Естира, за своите кнезови и службеници; на сите покраини им одреди починка и им раздели дарови, царски дарежливо.

19. Кога девојките беа собрани повторно, Мардохеј седеше при царската врата.

20. Естира не го кажа ни народот ни потеклото од кое произлегуваше, како што и беше наредил Мардохеј. Естира и натаму ги пазеше сите Мардохееви упатства како кога се наоѓаше под одгледување.

21. Во она време кога Мардохеј седеше при царевата врата, Вихтан и Терес двајца цареви дворјанци, чувари на прагот, пламнаа со гнев и почнаа да смислуваат да подигнат рака против царот Ахасвер.

22. За таа нивна намера научи Мардохеј. Тој и соопшти на царицата Естира, а Естира му соопшти на царот во Мардохеево име.

23. Сè се истражи и завера беше откриена, па двајцата беа обесени на столб. Тоа беше запишано пред царот во книжниот свиток на Летописите.

Прочитајте целосна глава Естир 2