Стар Завет

Нов Завет

Естир 4:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.

2. Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.

3. Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.

Прочитајте целосна глава Естир 4