Стар Завет

Нов Завет

Ездра 5:4-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци.

5. Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.”

6. Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови.

7. Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!” И свикав голем собир против нив!

8. И реков: „Ние, колку што можевме, ги откупивме своите јудејски браќа, кои им беа продадени на многубошците. А сега вие ги продавате своите браќа, за да ги откупиме!” Сите молчеа и никој не одговори.

9. Продолжив: „Не е добро тоа што го правите. Не треба ли да одите во стравот на нашиот Бог, за да се отстраниме така од потсмевот на непријателските народи?

10. И јас, и моите браќа, и моите момоци им дававме сребреници и жито. Но долгот им го простивме.

11. Вратете им ги и вие уште денес нивните ниви, лозја, маслиновите градини и нивните куќи, и простете им го стотиот дел во сребреници, во жито, во вино, во масло, што им го наметнавте”.

12. А тие одговорија: „Ќе вратиме; не ќе бараме ништо од нив. Ќе направиме како што рече”. Тогаш ги повикав свештениците и им наредив да се заколнат дека ќе направат како што ветија.

13. Потоа ги истресов скутовите на својата облека, говорејќи: „Бог нека го истресе вака од сопствената куќа и од имотот секој човек, кој не ќе се држи за ова ветување! Така да биде истресен и испразнет!” А сиот собир одговори: „Амин!” фалејќи Го Господа. И народот направи според овој договор.

14. И од денот кога царот ми нареди да бидам управител во Јудината Земја, од дваесеттата до триесет и втората година на Артаксерксовото царување, дванаесет години јас и моите браќа никогаш не јадевме управителски леб.

Прочитајте целосна глава Ездра 5