Стар Завет

Нов Завет

Ездра 5:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Продолжив: „Не е добро тоа што го правите. Не треба ли да одите во стравот на нашиот Бог, за да се отстраниме така од потсмевот на непријателските народи?

10. И јас, и моите браќа, и моите момоци им дававме сребреници и жито. Но долгот им го простивме.

11. Вратете им ги и вие уште денес нивните ниви, лозја, маслиновите градини и нивните куќи, и простете им го стотиот дел во сребреници, во жито, во вино, во масло, што им го наметнавте”.

12. А тие одговорија: „Ќе вратиме; не ќе бараме ништо од нив. Ќе направиме како што рече”. Тогаш ги повикав свештениците и им наредив да се заколнат дека ќе направат како што ветија.

13. Потоа ги истресов скутовите на својата облека, говорејќи: „Бог нека го истресе вака од сопствената куќа и од имотот секој човек, кој не ќе се држи за ова ветување! Така да биде истресен и испразнет!” А сиот собир одговори: „Амин!” фалејќи Го Господа. И народот направи според овој договор.

14. И од денот кога царот ми нареди да бидам управител во Јудината Земја, од дваесеттата до триесет и втората година на Артаксерксовото царување, дванаесет години јас и моите браќа никогаш не јадевме управителски леб.

15. Но поранешните управители, моите претходници, го угнетуваа народот: секој ден земаа од него по четириесет сикли сребро за леб и вино; и нивните слуги го угнетуваа народот. А јас никогаш не правев така, заради Божјиот страв.

16. Туку работев и при градењето на ѕидот, и не купив ниедна нива! Сите мои момчиња беа собрани на работа таму.

17. Покрај мојот стол јадеа Јудејците и првенците, сто и педесет однив на број, освен оние кои доаѓаа кај нас од околните народи.

18. Секој ден се готвеше на моја сметка едно говедо, шест одбрани овци и птици; а на секои десет денови беше донесувано изобилно вино за сите. А пак никогаш не го барав управителскиот данок за леб, зашто народот веќе беше оптеретен тешко.

19. Спомни си, Боже мој, за мое добро заради сè што му сторив на овој народ.

Прочитајте целосна глава Ездра 5