Стар Завет

Нов Завет

Ездра 7:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога ѕидот беше изграден и кога ги наместив вратните крила, беа поставени чувари при вратите, и пејачи и левити.

2. Управата на Ерусалим им ја доверив на својот брат Ананиј, и на заповедникот на тврдината Ананиј, зашто овој беше човек на верност и се боеше од Бога повеќе од другите.

3. Им реков: „Ерусалимските врати нека не се отвораат додека не огрее сонцето; а додека е тоа уште високо, нека ги затворат и нега ги префрлат лостовите. Треба да се постават стражи од ерусалимските жители: секого на неговото место, секого спроти неговата куќа.”

4. Градот беше широк и голем, но во него имаше малку жители, зашто немаше изградени куќи.

5. А мојот Бог ме вдахна, та ги собрав големците, главатарите и народот за да бидат внесени во родовниците. Тогаш го најдов родовникот на оние, кои се вратиле порано. Во него најдов запишано:

6. Еве ги луѓето од покраината, кои дојдоа од заточение во кое ги беше одвел Навуходоносор, вавилонскиот цар. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.

7. Дојдоа со Зоровавел, со Исус, со Неемија, со Азариј, со Рамиј, со Наманиј со Мардохеј, со Вилсан, со Мисперет, со Вигвај, со Беум и со Ван. Број на луѓето на Израелевиот народ:

8. Фаросови синови: две илјади сто и седумдесет и два;

9. Сефатиови синови: триста седумдесет и два;

10. Арахови синови: шест стотини педесет и два!

11. Фат-Моавови синови: односно Исусови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и осумнаесет;

Прочитајте целосна глава Ездра 7