11. Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.
12. И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.
13. А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.
14. Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.
15. Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества по едно тркало пред нивните лица.
16. Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето беа како едното тркало да е во другото.
17. При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18. А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете, на сите страни полни со очи.