Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 10:12-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Целото тело на херувите - плеќите, рацете, крилата и сите четири нивни колца - сè им беше насекаде наоколу полно со очи.

13. А колцата, колку што чув, се викаа „Виор”.

14. Секој имаше по четири лица: лицето на првиот херувско, лицето на вториот човечко, а во третиот лице лавско, во четвртиот орелско.

15. Тогаш херувите се подигнаа во височините, тоа беше истото суштество што го видов покрај реката Хевара.

16. Кога херувите ќе тргнеа, ќе тргнеа и тркалата покрај нив, кога херувите ќе замавтаа со крилата за да се подигнат од земјата, колцата не се отстрануваа од нив.

17. Кога ќе застанеа, и тркалата се креваа, зашто духот на суштествата беше во нив.

18. Тогаш Господовата Слава се крена од прагот на Домот и застана над херувите.

19. Тогаш херувите ги раширија крилата и се поткренаа од земјата пред моите очи. А кога тие тргнаа, и колцата тргнаа по нив. И застанаа над источната врата на Господовиот Дом, а Славата на Израелевиот Бог беше над нив.

20. Тоа беа истите суштества што ги видов во подножјето на Израелевиот Бог покрај реката Хевара. И така сознав дека тоа беа херуви.

21. Во секого по четири лица и по четири крила, а под крилата нешто како човечка рака.

22. Лицата им беа како оние што ги видов при реката Хевара. И секој се движеше напред.

Прочитајте целосна глава Езекиел 10