Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 12:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пак ми дојде Господовто слово:

2. ”Човечки сине! Ти престојуваш во одметнички дом кој има очи, а не гледа, има уши, а не слуша, но тие не слушаат, зашто се одметнички дом.

3. Затоа, човечки сине, подготви си заточенички врзулец со потребни работи и пред нивните очи дење сели се: сели се од своето место во друго, не би ли увиделе дека се бунтовнички дом.

4. Дење, пред нивните очи, изнеси го врзулецот, заточеничкиот врзулец, а излези ноќе пред нивните очи, како што се оди на заточение.

5. Пред нивните очи стави го врзулецот на рамена и излези во темната ноќ.

6. Покриј го лицето, за да не ја видиш земјата, зашто те поставив како знак за Израелевиот дом!”

7. Направив како што ми беше наредено: дење ги изнесов моите работи, а ноќе го продупчив ѕидот со рацете, и пред нивните очи во темната ноќ ги ставив работите на рамена.

8. Наутро ми дојде Господовото слово:

9. ”Човечки сине, ако те праша Израелевиот дом, бунтовничкиот дом: ‘Што правиш тоа?’

10. Ти речи му: ‘Господ, Господ, зборува вака: „Ова е пророштво за ерусалимскиот кнез и за сиот Израелев дом што е во Ерусалим.”‘

11. Речи: ‘Јас сум ваш знак! Како што направив јас, така ќе им биде ним: сите ќе треба да се селите на заточение!’

12. Нивниот кнез ќе треба да го стави врзулецот на рамена и да излезе по темна ноќ. Ќе го продупчи ѕидот за да излезе низ него, и лицето ќе го покрие со рацете, за да не ја види земјата.

Прочитајте целосна глава Езекиел 12