Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 13:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И пак ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине! Пророкувај против оние што се прават пророци во Израел!

3. Речи им на тие пророци што пророкуваат според својата глава: ‘Чујте го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Тешко им на безумните пророци кои што го следат својот дух, а ништо не гледаат!

4. Тие твои пророци Израелу, се како лисици меѓу урнатини.

5. Вие не се искачивте на проломите и не ѕидавте ѕид околу Израелевиот дом, за да се одржи во борба во Господовиот ден.

6. Нивните привиди се суетни, и лажни се нивните пророкувања. Зборуваат: ‘Господово слово!’ - а Господ не ги испратил. И уште чекаат дека ќе им се исполнат зборовите.

7. Зар не гледате дека виденијата ви се празни и дека ви се лажни пророкувањата кога велите: ‘Господово слово!’ - а Јас не зборував.”

8. Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Затоа што зборувате суетно и гледате лага, еве Ме против вас - зборува Господ Бог!

9. Еве Ме, Мојата рака ќе биде против пророците што гледаат суетно и што пророкуваат лага: не ќе бидат веќе во собирот на Мојот народ, не ќе бидат запишани во книгата на Израелевиот дом, никогаш веќе не ќе стапат на Израелева почва! И ќе знаат дека Јас Сум, Господ Бог.

10. Зошто го измамуваат Мојот народ велејќи: ‘Мир’, кога мир нема. И додека едните одат за да се зацврсти ѕидот, тие сакаат само да се намачка со вар.

11. Речи им на оние кои што сакаат само да се намачка: ‘Ќе падне! Ќе удри силен поројник, ќе фрлам на него град како камења, ќе беснеат буроносни виори.

Прочитајте целосна глава Езекиел 13