Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 13:7-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зар не гледате дека виденијата ви се празни и дека ви се лажни пророкувањата кога велите: ‘Господово слово!’ - а Јас не зборував.”

8. Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Затоа што зборувате суетно и гледате лага, еве Ме против вас - зборува Господ Бог!

9. Еве Ме, Мојата рака ќе биде против пророците што гледаат суетно и што пророкуваат лага: не ќе бидат веќе во собирот на Мојот народ, не ќе бидат запишани во книгата на Израелевиот дом, никогаш веќе не ќе стапат на Израелева почва! И ќе знаат дека Јас Сум, Господ Бог.

10. Зошто го измамуваат Мојот народ велејќи: ‘Мир’, кога мир нема. И додека едните одат за да се зацврсти ѕидот, тие сакаат само да се намачка со вар.

11. Речи им на оние кои што сакаат само да се намачка: ‘Ќе падне! Ќе удри силен поројник, ќе фрлам на него град како камења, ќе беснеат буроносни виори.

12. Еве, ѕидот ќе падне! Не ќе ли ве прашаат тогаш: Каде е сега варта со која го измачкавте?’”

13. Затоа Господ, Господ, зборува вака: „Во Својата јарост ќе ги разбеснам буроносните виори, во Својата расрденост ќе го удрам со силен пороен дожд за да го затрам; во гнев ќе фрлам врз него град како камења.

14. Ќе го разурнам ѕидот што вие го варосавте со вар, ќе го урнам на земја, за да му се разголат основите. Ѕидот ќе падне, и вие ќе загинете под него! Тогаш ќе знаете дека Јас Сум Господ!

15. Така ќе го излеам Својот гнев над ѕидот и над оние што го варосаа со вар. А вам ќе ви речам: ‘Нема веќе ѕид! Ги нема оние што го намачкаа со вар.

16. Ги нема израелевите пророци кои што му пророкуваа на Ерусалим и кои што му навестуваа мир кога немаше мир.’” Така зборува Господ Бог.

17. ”Човечки сине, сврти го своето лице против ќерките на својот народ, кои што пророкуваат според својата глава! Пророкувај против нив:

18. ’Господ, Господ, зборува вака: „Тешко им на оние што везат везови за сечии раце и што прават покривки за глави од секоја големина, за да уловат души! Мислите ли да ги уловите сите души на Мојот народ, а своите души да ги запазите живи?

Прочитајте целосна глава Езекиел 13