Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 14:4-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Затоа речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „На секој од Израелевиот дом кој носи идоли во срцето и ги насочува очите во она што ги поттикнува на грев, а доаѓа кај пророкот, Јас, Господ, ќе му одговорам според мноштвото на неговите идоли,

5. за да го фатам за срце Израелевиот дом што се одметна од Мене заради своите идоли.”‘

6. Затоа речи му на Израелевиот дом: ‘Господ Бог зборува вака: „Обратете се, одвратете се од своите идоли! Одвратете го лицето од своите гнасности!

7. Зашто секому од Израелевиот дом и од придојдениците што се населија во Израел, кој ќе се одметне од Мене и кој ги носи идолите во срцето и ги насочува очите во она што го поттикнува на грев, па и покрај тоа дојде при пророкот да преку него бара совет од Мене, нему Јас Самиот, Господ ќе му одговорам;

8. ќе се свртам против него и ќе направам од него знак и пословица; ќе го откорнам од Својот народ! И ќе знаете дека Јас Сум Господ.

9. Ако пророкот остави да биде заведен и да проговори тоа ќе биде како Јас самиот, Господ, да го заведов тој пророк: ќе ја подигнам раката на него и ќе го откорнам од Својот Израелев народ.

10. Двајцата еднакво ќе го носат својот грев: гревот на пророкот еднаков е на гревот на оној што побарал совет од него.

11. И така Израелевиот дом веќе не ќе се одметнува од Мене и не ќе се валка веќе со своите беззаконија: тој ќе биде Мој народ, а Јас ќе бидам негов Бог - говори Господ, Бог.’”

12. И ми дојде Господовото слово:

13. ”Човечки сине, ако згреши некоја земја против Мене со невера, и Јас ја кренам раката против неа, та и ја уништам и последната поткрепа во леб, и ако пуштам глад на неа за да ги сотрам во неа сите луѓе и добитокот;

14. ако останат во неа само тројца луѓе - Ное, Даниел и Јов - тие ќе се спасат со својата праведност - говори Господ Бог.

15. Исто така, ако против таа земја пуштам диви ѕверови, за да и ги уништат децата, а неа ја претворат во пустина, низ која никој не ќе се осмели веќе да помине заради ѕверовите;

Прочитајте целосна глава Езекиел 14