Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 17:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ”Човечки сине, смисли гатанка и раскажи му приказна на Израелевиот дом! Речи:

3. ’Господ Бог зборува вака: „Голем орел, со големи крила, со долги перја, со густи шарени перца, долета на Ливан и грабна кедрова гранка;

4. му го скрши највисокото гранче, го однесе во земјата на трговците, и го спушти во градот на трговците.

5. Потоа зеде семе од земјата, го посади во плодна нива, го стави покрај изобилни води, го засади како врба.

Прочитајте целосна глава Езекиел 17