Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 18:3-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Животот Ми Мој, говори Господ Бог: Никој од вас нема веќе да ја повторува во Израел таа поговорка;

4. зашто, сите животи се Мои, како животот на таткото така и животот на синот. И еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре.

5. Кој е праведен и кој ги почитува законот и правдата,

6. и не јаде по планините и не ги подига очите кон идолите на Израелевиот дом, не ја обесчествува жената на својот ближен и не и приоѓа на жената додека е нечиста;

7. никому не му нанесува насилство, го враќа земеното во залог и ништо не ограбува; го дели својот леб со гладните, го облекува голиот,

8. не дава на заем со добивка, ја воздржува раката од неправда, пресудува според вистината,

9. оди по Моите наредби и ги чува Моите закони, постапувајќи според вистината - тој е навистина праведен и тој ќе живее, зборува Господ Бог.

10. Но ако роди тој син разбојник, кој пролева крв, или ќе му направи нешто слично на братот,

11. а не работи како неговиот родител, туку јаде по горите, ја обесчествува жената на ближниот;

12. му нанесува насилство на сиромашниот и бедниот, ограбува, не враќа што примил како залог, очите ги подига кон идолите, правејќи одвратности;

13. дава на заем со добивка и зема придобивка - не, таквиот син нема да живее! Ги направил тие гадости и ќе умре, а неговата крв ќе падне врз него.

Прочитајте целосна глава Езекиел 18