Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми рече: „Човечки сине, на нозе исправи се, за да зборувам со тебе!”

2. И Дух влезе во мене, бидејќи ми проговори, та ме подигна на нозете, и јас го чув гласот на Оној Кој ми зборуваше.

3. И ми рече: „Човечки сине, те испраќам кај Израелевите синови, кај одметничкиот народ што се побуни против Мене. Тие и нивните татковци грешеа против Мене сè до денешниот ден.

4. Те испраќам кај синовите со тврд поглед и со закоравено срце. Речи им: ‘Господ над Војските зборува вака!’

5. И послушале тие или непослушале - род се бунтовнички - нека знаат дека пророкот е меѓу нив.

Прочитајте целосна глава Езекиел 2