Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 20:44-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

44. И тогаш ќе сознаете дека Јас Сум Господ кога, заради Моето Име, не постапувам со вас според вашите лоши патишта ни според вашите развратни дела, доме Израелев!” Така зборува Господ Бог.’”

45. И ми дојде Господово слово:

46. ”Човечки сине, сврти го лицето кон југ и истури беседа кон југ, та пророкувај против гората во Негевскиот Крај.

47. Речи и на неговата шума: ‘Послушај го Господовото слово! Господ Бог зборува вака: „Еве, ќе запалам оган сред тебе, и тој ќе го голтне во тебе секое дрво, зелено и суво! Разгорениот оган нема да згасне додека не изгори сè од север до југ.

48. И сите ќе видат дека Јас, Господ, го запалив тој оган, и нема да угасне.”‘“

49. На тоа реков: „О Господи Боже, та тие ќе речат за мене: ‘Еве го пак раскажувачот со приказни!’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 20