Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 22:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И пак ќе бидеш Мое наследство пред очите на народите. И ќе знаеш дека Јас Сум Господ!”‘“

17. Ми дојде Господово слово:

18. ”Човечки сине, Израелевиот дом ми стана талог: бронза, калај, железо и олово во печка - сите тие се отпадок!

19. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Бидејќи ми станавте талог, ќе ве соберам, еве, во Ерусалим.

20. Како што се собира среброто, бронзата, железото, оловото и калајот во печка, та наоколу се раздувува огнот, за да се растопи сè така и Јас ќе ве соберам во Својот гнев и во својата јарост, ќе ве сложам и ќе ве растопам.

21. Да, ќе ве соберам и ќе го раздувам околу вас огнот на Мојата јарост, за да се растопите сред градот.

22. Како што среброто се топи во печка, така и вие ќе се растопите во него. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, Мојот гнев го излевам врз вас!’”

23. Ми дојде Господово слово:

24. ”Човечки сине, речи уште: ‘Ти си земја уште неочистена, која уште не ја изми дождот на гневниот ден!’

Прочитајте целосна глава Езекиел 22