Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 22:21-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Да, ќе ве соберам и ќе го раздувам околу вас огнот на Мојата јарост, за да се растопите сред градот.

22. Како што среброто се топи во печка, така и вие ќе се растопите во него. И ќе знаете дека Јас Сум Господ, Мојот гнев го излевам врз вас!’”

23. Ми дојде Господово слово:

24. ”Човечки сине, речи уште: ‘Ти си земја уште неочистена, која уште не ја изми дождот на гневниот ден!’

25. Во нејзината средина има заклетви од пророци, како лавовите што рикаат и што го раскинуваат пленот, ги голтаат луѓето, им ги одземаат богатството и скапоценостите, множејќи ги вдовиците сред неа.

26. Нејзините свештеници не го почитуваат Мојот Закон и ги обесветуваат Моите светини, не разликувајќи го светото од несветото, не учејќи се да го разликуваат нечистото од чистото. Ги занемарија моите саботи, без чест Сум во нивната средина.

27. Нејзините старешини, како волците што го раскинуваат пленот и што пролеваат крв, ги упропастуваат луѓето, лакоми на добиток.

28. А нејзините пророци сето тоа го премачкуваат со белило и го покриваат со суетни виденија и со лажни пророкувања, велејќи: ‘Господ Бог зборува вака:’ а Господ не го рече тоа.

29. Народот на земјата пак прави секакви насилства и грабежи, ги угнетуваат сиромашниот и бедниот, а придојденикот го угнетуваат без право.

30. Барав меѓу нив некого за да ги подигне ѕидовите и за да застане на пробоите пред Мене во одбрана на земјата, за да не ја сотрам, и не најдов никого.

31. И затоа го излеав Својот гнев врз нив па ги сотрев со огнот на Својата јарост; нивните патишта им ги оборив врз главата - говори Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 22