Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:2-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. ”Човечки сине, си биле две жени, ќерки на една мајка.

3. И му се оддадоа на блудството во Египет, блудствуваа во младост: таму им ги стискаа градите, им ги гнечеа девојчинските дојки.

4. На постарата името и беше Ола, (нејзиниот шатор) а на сестра и Олива (мојот шатор во неа), двете станаа Мои и Ми родија синови и ќерки. Еве им ги имињата: Самарија е Ола, Ерусалим Олива.

5. Ола, иако Ми припаѓаше Мене, му се предаде иа блудството; се распали по љубовниците, за Асирците, за своите соседи,

6. облечени во сино кадифе, сè сами кнезови и намесници, убави момчиња, вешти коњаници.

7. И му се предаде на блудство со нив, сè одбор асирски синови; и пламнувајќи по нив, се онечисти со сите нивни идоли.

8. А не се откажа ни од блудството со Египетците, кои што лежеа со неа од нејзината младост, кои што и ги гнечеа моминските дојки и на неа го излеваа својот блуд.

9. И затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници, во рацете на Асирците по кои се распалила.

10. И тие ја разголија и и ги пленија синовите и ќерките, а самата неа ја погубија со меч. И така им стана пример на сите жени, бидејќи судот беше извршен над неа.

11. Сестра и Олива го виде тоа, ама се распали уште полошо, и правеше полошо блудство.

12. Се распалуваше по асирските синови, се сами кнезови и намесници, по своите соседи, облечени раскошно, вешти коњаници, одбор момчиња.

Прочитајте целосна глава Езекиел 23