Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:25-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Ќе ја оборам врз тебе сета своја ревност, нека постапат јаросно со тебе; нека ти ги отсечат носот и ушите, а твојот остаток нека падне од меч; да ти ги одведат синовите и ќерките, а твојот остаток огнот нека го проголта.

26. И ќе ги скинат од тебе твоите облеки и ќе ти ги ограбат сите твои накити.

27. Така ќе ги докрајчам сиот твој срам и блудничењето, сè таму од Египет: не ќе ги подигаш веќе очите кон нив и не ќе си спомнуваш веќе за Египет!’

28. Зашто, Господ Бог зборува вака: ‘Еве ме! Ќе те предадам во рацете на оние кои што ти ги замрази, кои и се згадија на твојата душа.

29. Нека ја излеат врз тебе својата омраза, нека ти ја преземат сета мака, а тебе нека те остават гола и разголена! Нека се открие сета голота на твоето блудство и на бесрамноста, на твоето блудствување.

30. Сè тоа ќе те стигне заради твоето блудствување со народите и дека си се онечистила со нивните идоли.

31. Одеше по патот на својата сестра: ќе ти ја дадам нејзината чаша во раката.’

32. Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја испиеш чашата на својата сестра, длабока и широка чаша, и ќе бидеш за потсмев и за презир, зашто нејзината содржина е голема.

33. Ќе се наполниш со пијанство и со жалост! Таа е чаша на запустување, на ужас - чашата на твојата сестра, Самарија.

34. Ќе ја пиеш, ќе ја испразниш до дното, потоа ќе ја скршиш во делови, ќе ги раскинеш своите гради. Зашто, Јас реков така,’ говори Господ Бог!

35. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Зашто ти Ме заборави Мене и Ми ги сврти плеќите, поднесувај ги сега сиот свој срам и блудство!’”

36. И уште ми рече Господ: „Човечки сине, сакаш ли да им судиш на Ола и Олива, да им ги покажеш нивните гадости?

Прочитајте целосна глава Езекиел 23