Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:29-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

29. Нека ја излеат врз тебе својата омраза, нека ти ја преземат сета мака, а тебе нека те остават гола и разголена! Нека се открие сета голота на твоето блудство и на бесрамноста, на твоето блудствување.

30. Сè тоа ќе те стигне заради твоето блудствување со народите и дека си се онечистила со нивните идоли.

31. Одеше по патот на својата сестра: ќе ти ја дадам нејзината чаша во раката.’

32. Господ Бог зборува вака: ‘Ќе ја испиеш чашата на својата сестра, длабока и широка чаша, и ќе бидеш за потсмев и за презир, зашто нејзината содржина е голема.

Прочитајте целосна глава Езекиел 23