Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:36-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. И уште ми рече Господ: „Човечки сине, сакаш ли да им судиш на Ола и Олива, да им ги покажеш нивните гадости?

37. Направија прељуба, рацете им се окрвавени, направија прељуба со своите идоли, децата што ми ги народија ги поминаа низ оган, за да ги проголта.

38. Уште ми го направија и ова: во оној ден го обесчестија Моето Светилиште и ги обесветија Моите саботи.

39. Зашто во истиот ден кога своите деца им ги заклаа на идолите, дојдоа во Моето Светилиште за да го онечистат. Ете, така направија сред Мојот Дом.

40. Па испраќаа по машки оддалеку и тие им се стрчуваа штом гласниците ќе стигнеа кај нив. А ти се капеше за нив, ги мачкаше своите очи и се китеше со накит.

41. А потоа седнуваше на раскошна постела, пред која беше послан стол, на кој ги ставуваше Мојот темјан и Моето масло.

42. Тука се слушаше подвикнувањето на веселото друштво заради големото мноштво доведено од сите страни на пустината; им ставаа на жените нараквици на рацете и прекрасни венци на главите.

43. И реков: ‘Со жена потоната во прељуба уште тераат блудство, и таа самата уште му се предава на блудот!’

44. & приоѓаат како на некаква блудница! Да, им приоѓаат на Ола и Олива, на развратничките.

45. Затоа праведниците ќе им судат, како што им се суди на прељубниците и на оние кои пролеваат крв, зашто тие се прељубнички, рацете им се окрвавени.

46. Зашто вака зборува Господ Бог: ‘Нека се свика собир против нив, за да ги подложам на измачување и на грабеж.

Прочитајте целосна глава Езекиел 23