Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 23:6-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. облечени во сино кадифе, сè сами кнезови и намесници, убави момчиња, вешти коњаници.

7. И му се предаде на блудство со нив, сè одбор асирски синови; и пламнувајќи по нив, се онечисти со сите нивни идоли.

8. А не се откажа ни од блудството со Египетците, кои што лежеа со неа од нејзината младост, кои што и ги гнечеа моминските дојки и на неа го излеваа својот блуд.

9. И затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници, во рацете на Асирците по кои се распалила.

10. И тие ја разголија и и ги пленија синовите и ќерките, а самата неа ја погубија со меч. И така им стана пример на сите жени, бидејќи судот беше извршен над неа.

11. Сестра и Олива го виде тоа, ама се распали уште полошо, и правеше полошо блудство.

12. Се распалуваше по асирските синови, се сами кнезови и намесници, по своите соседи, облечени раскошно, вешти коњаници, одбор момчиња.

13. И видов како се онечисти: обете тргнаа по ист пат.

14. Но оваа му се предаде уште полошо на блудство: кога би видела маж насликан на ѕид, ликовите на Халдејците нацртани со црвенило,

15. со бедра препашани со појас, со спуштени превези на главите - сè јунаци, вистински Вавилонци, родум од Халдејската Земја -

16. туку што би ја здогледала нивната прилика, сета би се распалила по нив та им испраќаше пратеници во Халдејската Земја,

17. Вавилонските синови дотрчуваа при неа на љубовната постела, за да ја онечистат со блуд. А кога ќе се извалкаше со нив, и се згадуваа.

18. Но се разгласи нејзиното блудствување, се откри нејзината голота и Мојата душа се одврати од неа, како што се беше одвратила од нејзината сестра.

19. Зашто таа му се предаде на уште полошо блудство, спомнувајќи си за деновите на својата младост кога му се предаваше на блудството во Египет,

20. распалувајќи се по развратниците, на кои машката снага им беше како на магаре, а изливот како кај коњите.

21. Така пак му се врати на срамот на својата младост, кога во Египет и ги притискаа градите кога и ги гнечеа моминските дојки.

22. Затоа Оливо Господ Бог зборува вака: ‘Ете, ќе ги подигнам против тебе твоите љубовници, кои и се згадија на твојата душа, и ќе ги доведам отсекаде против тебе:

23. Вавилонците, сите Халдејци, Фекоѓанците, Соанците и Коанците, а со нив сите асирски синови - сè одбор момчиња, кнезови и заменици, јунаци на глас, вешти коњаници.

Прочитајте целосна глава Езекиел 23