Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 27:13-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Јаван и Тувал и Месех тргуваа со тебе: даваа човечки души и бронзени садови за твоите стоки.

14. Оние од Вет-Тогарма даваа коњи, тркачки коњи и мазги.

15. И Дедановите синови тргуваа со тебе. Многу острови ти беа подложени: ти плаќаа данок во слонова коска и во абаносово дрво.

16. Заради изобилството на твојата стока Едом тргуваше со тебе, ти даваа за стоките антракси отворено - порфир и везено, корали и рубини;

17. и Јудеја и Израелевата Земја тргуваа со тебе со минитско жито, со восок со мед, со масло и со мирислива смола, за лек ги плаќаа твоите стоки!

18. Заради изобилството на твојата трговија, заради твоето големо благо, и Дамаск тргуваше со тебе со хелвонско вино и со бела волна.

19. И Дан и Јаван од Узел за твојата трговија менуваа прекалено железо, цимет и слатка трска.

20. Дедан тргуваше со тебе со покривки за коли.

21. Арабјаните и кидарските кнезови вршеа размена со тебе и за тргувањето ти плаќаа со јагниња, јарци и со овни.

22. Трговците од Сава и од Рама тргуваа со тебе, за тргувањето ти даваа најдобрите бесценети камења и злато.

23. Харан, Кана и Еден, трговците на Сава, Асирија и Хилмад тргуваа со тебе. Менуваа за твоите стоки

24. скапоцени облеки, отворено црвени и везени наметки, шарени ткаенини и цврсто плетени јажиња.

25. Натоварените тарсиски бродови ја превезуваа твојата роба! Беше полн и многу славен во срцето на морето.

26. На отворено море, на многу мориња те изведоа веслачите. Источниот ветер те разби на морската широчина!

27. Твоето благо и твоето тргување, твоите ракотворби, твоите бродари и твоите кормилари, поправувачи на пукнатините, менувачите на твоето тргување, сите војници на тебе и сето мноштво сред тебе, ќе потонат на морското дно на денот на твојот бродолом!

28. На повикот за помош на твоите кормилари ќе се стресат бреговите.

Прочитајте целосна глава Езекиел 27