2. „Човечки сине, кажи му на тирскиот кнез: ‘Господ Бог зборува вака: „Твоето срце се возгордеа, ти рече: ‘Јас сум Бог! Седам на Божјиот престол во срцето на морето’ Иако си човек, а не Бог, ти го изедначи твоето срце со Божјото.
3. Ете, беше помудар од Даниел, ниедна тајна не ти беше скриена!
4. Со својата мудрост и разум насобра богатства, ја наполни ризницата со сребро и злато!
5. Со твојата голема мудрост со посредство на твојата трговија го умножи твоето богатство! Но твоето срце се возгордеа од богатството.”
6. Затоа Господ Бог зборува вака: „Зашто своето срце го изедначи со Божјото,
7. еве, ќе доведам против тебе туѓинци, најнасилни меѓу народите. Ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост, и ќе ти ја помрачат убавината,
8. ќе те фрлат во јама за да умреш со насилна смрт од оние што умираат на морската широчина!
9. Ќе речеш ли тогаш пред крвникот: ‘Јас сум Бог’? Човек си, а не Бог во рацете на своите убијци.
10. Ќе умреш со смртта на необрезаните од туѓинска рака! Зашто Јас, Господ го реков тоа - говори Господ Бог.’”
11. И ми дојде Господово слово: