Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 28:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, Сидону, против тебе, ќе се прославам сред тебе! И ќе се знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го извршам судот над нив, и кога ќе ја покажам Мојата светост во него.

23. И ќе го испратам поморот против него и крв по неговите улици; и мртви ќе паѓаат сред него од меч што ти се заканува отсекаде, и тогаш ќе се знае дека Јас Сум Господ.

24. И веќе не ќе има за Израелевиот дом трн што ранува ниту осило што раскинува меѓу сите наоколу што го презираат! И ќе се знае дека Јас Сум Господ Бог!”

25. Господ Бог зборува вака: „А кога ќе го соберам сиот Израелев дом од народите низ кои се распрснати, ќе ја пројавам во нив Мојата светост пред очите на народите. И ќе се настанат во својата земја, што му ја дадов на Мојот слуга Јаков.

26. И ќе живеат на мир во неа, ќе градат домови и ќе садат лозја. Ќе живеат во безопасност, додека не го извршам Мојот суд над сите кои што ги презираа наоколу. Ќе знаат дека Јас Сум Господ нивен Бог.”‘“

Прочитајте целосна глава Езекиел 28