5. Не те праќам кај народ со непознат јазик и со неразбирлив говор, туку те праќам кај Израелевиот дом.
6. Не те праќам кај многу народи со непознат јазик и со неразбирлив говор, што ти не би можел да го разбереш. А кога би те и испратил кај нив, тие би те послушале.
7. А Израелевиот дом не ќе те послуша, зашто ни Мене не Ме слуша, зашто Израелевиот дом е со тврда глава и со закоравено срце.
8. Ете, затоа ќе го закоравам твоето лице како што е и нивното, и твојата глава ќе ја направам тврдоглава како што е и нивната.
9. И не бој се од нив и не плаши се, зашто тие се одметнички род!”
10. Ми рече: „Човечки сине, сите зборови што ќе ти ги речам земи ги на срце и послушај ги со своите уши.
11. И оди кај заробениците, кај синовите на својот народ, и речи им: ‘Вака зборува Господ Бог,’ послушале или не послушале!”
12. Тогаш Духот ме подигна, и јас чув зад себе силен глас. Господовата слава се подигна од своето место.
13. Го чув летањето на крилјата на оние суштества - удираа едно на друго и силното чкртање на колцата што се движеа со нив, и звук на силен гром.
14. Тогаш Духот ме подигна и ме понесе. И јас одев огорчен во мојот дух, а Господовата рака ме притисна цврсто.
15. Така стигнав во Тел Авив, кај робовите што живееја при реката Хевара - таму каде што се беа населиле - та останав меѓу нив седум дена како замајан.