Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 30:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И ми дојде Господово слово:

2. ”Човечки сине, пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Ридајте: ‘О несреќен ден!’

3. Зашто денот наближува, наближува Господовиот ден! Ден облачен, време одредено за народите.

4. И меч ќе влезе во Египет а стравот ќе ја опфати Етиопија, кога ќе почнат мртвите да паѓаат по Египет и кога ќе биде ограбено неговото богатство та кога ќе му ги срушат сите основи.

5. Етиопија, Пут и Луд сета Арабија и Хув (Либија) и синовите на земјата на Сојузот заедно ќе загинат од меч!”

6. Господ Бог зборува вака: „Ќе паднат оние кои го потпираат Египет, и ќе се сурне гордоста на неговата сила од Мигдол до Син, сè во него ќе падне од меч - говори Господ Бог.

7. Тој ќе биде пустина меѓу запустените земји, а неговите градови урнатини меѓу разурнатите градови.

8. И ќе знаат дека Јас Сум Господ, кога ќе го запалам Мојот оган во Египет и кога ќе ги сотрам сите негови помошници.

9. Во оној ден ќе испловат гласници од Мене за да ја застрашат безгрижната Етиопија. И стравот ќе ја зафати во египетскиот ден. Зашто, еве наближува!”

10. Господ Бог зборува вака: „Ќе го уништам египетското мноштво со раката на Навуходоносор, вавилонскиот цар!

11. Тој и неговиот народ со него - најсвиреп меѓу народите - ќе бидат доведени за да ја сотрат земјата. И тие ќе извлечат меч против Египет и сета земја ќе му ја исполнат со трупови.

12. А Јас ќе ги пресушам реките и ќе ја предадам земјата во рацете на силниците, ќе ја запустам земјата и што е во неа, со раката на туѓинците. Јас Господ реков!”

13. Господ Бог зборува вака: „Ќе ги разурнам идолите и ќе ги истребам лажните богови во Мемфис, и не ќе има веќе кнезови во Египетската Земја.

Прочитајте целосна глава Езекиел 30