Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 30:15-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Ќе излеам гнев над Син, египетската тврдина, ќе истребам мноштво во Нов.

16. Ќе запалам оган под Египет: Син ќе се стресе од ужас, Нов ќе биде освоен, а Мемфис во тешкотија ден по ден.

17. Младите на Хелиопол и на Пи-Весет ќе паднат од меч. А тие ќе бидат одведени во ропство!

18. Над Тафнис ќе се стемни денот кога ќе го скршам таму египетскиот јарем, и кога ќе се докрајчи гордоста на силата во него! Облак ќе се наднесе над него, и неговите ќерки ќе бидат одведени во ропство!

19. Така ќе го извршам судот над Египет, и ќе знаат дека Јас Сум Господ.”‘“

20. Во единаесетата година, во првиот месец, на седмиот ден, ми дојде Господовото слово:

21. ”Човечки сине, ете, ја скршив мишката на фараонот, египетскиот цар! И еве, не ја ни завиткаа: не ставија лекови ниту ја преврзаа со завои за да ја закрепат, како би можела пак да има сила да прифати меч.

22. Затоа Господ Бог зборува вака: ‘Еве Ме против фараонот, египетскиот цар, за да му ги скршам обете раце, и здравата и скршената, и за да му го исфрлам мечот од раката!

23. Ќе ги разгонам Египетците меѓу народите и ќе ги расеам по земјите!

24. Ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар и ќе го ставам Својот меч во неговата рака; а на фараонот ќе му ги скршам рацете, та ќе офка пред непријателот како ранет.

25. Да, ќе му ги зајакнам рацете на вавилонскиот цар, а фараоновите раце ќе се истоштат. И ќе знае дека Јас Сум Господ, кога ќе го ставам Мојот меч во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го размавта над Египетската Земја.

26. Ќе ги распрснам Египетците меѓу народите и ќе ги расеам по земјите. И ќе знаат дека Јас Сум Господ.’”

Прочитајте целосна глава Езекиел 30