Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 32:15-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Кога ќе ја направам пустина Египетската Земја, кога ќе биде ограбено што е во неа; кога ќе ги поразам сите нејзини жители, ќе знаат дека Јас Сум Господ.

16. Тоа е тажачка што ќе се тажи. Ќе ја тажат над Египет и над сето негово множество - говори Господ Господ.”

17. Во дванаесеттата година, во првиот месец, во петнаесеттиот ден, ми дојде Господовото слово:

18. ”Човечки сине, тажи по египетското множество, турни го, него и ќерките на славните народи, во подземниот крај, како оние што слегоа во јамата.

19. Од кого си поубав? Слези и почини со необрезаните.

20. Тие ќе паднат меѓу оние кои мечот ги покоси; на меч се предадоа, ќе добијат легло со сето множество.

21. Најхрабрите јунаци ќе му зборуваат од срцето на гробот: ‘Ти и твоите помошници, слезете и починете со необрезаните, покосени од меч!’

22. Таму е Асирецот и сето негово мноштво околу неговиот гроб, сите истепани, покосени со меч.

23. Гробовите им лежат на дното на јамата, и сиот негов куп е околу неговиот гроб - сите, некогаш ужас во земјата на живите, сега погубени, покосени со меч.

24. Таму е и Елам и сето негово мноштво околу неговиот гроб - сите истепани, покосени од меч, необрезани слегоа во подземниот крај на мртвите: некогаш ужас во земјата на живите, сега го поднесуваат својот срам со оние што слегоа во јамата.

Прочитајте целосна глава Езекиел 32