Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 32:24-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Таму е и Елам и сето негово мноштво околу неговиот гроб - сите истепани, покосени од меч, необрезани слегоа во подземниот крај на мртвите: некогаш ужас во земјата на живите, сега го поднесуваат својот срам со оние што слегоа во јамата.

25. Среде поразените им го сместија леглото: нему и на миожеството околу неговиот гроб - сите необрезани, прободени со меч: некогаш ужас во земјата на живите, сега го поднесуваат својот срам со оние кои слегоа во јама, положени меѓу погубените.

26. Таму се Месех и Тувал и сето негово множество, со гробови околу неговиот гроб - сите необрезани, прободени со меч, некогаш ужас во земјата на живите.

27. Не лежат со јунаците паднати одамна, во Подземјето слегоа со оружје, со меч под главата и со штит на коските, зашто им беа ужас на јунаците во земјата на живите.

28. И ти ќе лежиш среде необрезаните, покосени со меч.

29. Таму е Едом и сите негови цареви и кнезови: и покрај своето јунаштво, и тие лежат заедно со оние кои се покосени од меч, со необрезаните, со оние кои слегоа во јамата.

30. Таму се кнезовите на север и сите Сидонци, и тие слегоа меѓу прободените. И покрај ужасот на своето јунаштво, необрезаните лежат, со прободените со меч, поднесувајќи го својот срам со оние кои слегоа во јамата.

31. Фараонот ќе ги види и ќе се утеши заради своето множество - фараонот и сета негова војска покосена со меч, говори Господ Бог!

32. Зашто задаваше страв во земјата на живите, фараонот и сето негово множество лежат со необрезаните, со покосените со меч - говори Господ Бог.”

Прочитајте целосна глава Езекиел 32