Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 32:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Таму се Месех и Тувал и сето негово множество, со гробови околу неговиот гроб - сите необрезани, прободени со меч, некогаш ужас во земјата на живите.

27. Не лежат со јунаците паднати одамна, во Подземјето слегоа со оружје, со меч под главата и со штит на коските, зашто им беа ужас на јунаците во земјата на живите.

28. И ти ќе лежиш среде необрезаните, покосени со меч.

29. Таму е Едом и сите негови цареви и кнезови: и покрај своето јунаштво, и тие лежат заедно со оние кои се покосени од меч, со необрезаните, со оние кои слегоа во јамата.

Прочитајте целосна глава Езекиел 32