1. И ми дојде Господово слово:
2. ”Човечки сине, пророкувај против Израелевите пастири, пророкувај им и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Тешко им на Израелевите пастири кои се пасат сами себеси! Не треба ли пастирите да го пасат стадото?
3. Се храните со млеко, се облекувате со волна, колете дебели овни, а не ги пасете стадата.
4. Не ги поткрепувате немоќните, не ги лечите болните, не ги преврзувате ранетите, не ги доведувате назад заскитаните, не ги барате загубените, туку господарите со нив насилно и свирепо.
5. И така овците се распрснаа немајќи пастири и распрснати, им станаа плен на ѕверовите.
6. Овците скитаат по сите гори и по високите брегови; Моите овци се распрснати по сета земја, и никој не прашува за нив, нема никој да ги бара.”
7. Затоа, пастири, чујте го Господовото слово: