Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 36:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ”Човечки сине, пророкувај им на Израелевите Гори и речи: ‘О Израелеви Гори, чујте го Господовото слово:

2. Така зборува Господ: „Вашите непријатели зборуваат за вас: ‘Ха! Ха! Наша сопственост ќе станат вечните височини!’”‘

3. И затоа пророкувај и речи: ‘Господ Бог зборува вака: „Од сите страни ве запустуваат и ограбуваат за да им бидете сопственост на другите народи, и им дојдовте на јазиците на клеветничките луѓе.”

4. Затоа, Израелеви Гори чујте го Господовото слово! Господ Бог им зборува вака на горите и брежињата, на котлините и на долините, на запустените урнатини и на напуштените градови, кои што им станаа плен и потсмев на другите народи наоколу

5. и така, Господ Бог зборува вака: „Навистина ви зборував за огнот на Мојата ревност против другите народи, против сиот Едом, кој што со радост во срцето и со омраза во душата ја присвои за себе во сопственост Мојата земја, за да ја ограбат.”‘

6. Затоа пророкувај за Израелевата Земја! Речи им на горите и на брежињата, на котлините и на долините: ‘Господ Бог зборува вака: „Еве, зборувам во Мојата ревност и јарост зашто требаше да го носите укорот на народите.”

7. Затоа Господ Бог зборува вака: „Еве, дигам рака и се колнам: Народите што се околу вас сами ќе го носат својот срам.

8. А вие, Израелеви гори, разгранчете се и донесете му род на народот што ќе дојде скоро.

9. Зашто, еве Ме кај вас! Се обратив кон вас, и ќе ве одгледувам и ќе ве посејам.

Прочитајте целосна глава Езекиел 36