Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 38:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Со нив е и Персија, Етиопија, и Пут - сите со штитови и шлемови;

6. потоа Гомер и сите негови чети, домот Тогарма од крајниот север со сите негови чети - многу народ со тебе!

7. Подготви се добро ти и сето мноштво што се собрало околу тебе и застани му на чело!

8. По многу денови ќе добиеш заповед; по многу години ќе нападнеш на земјата, избавена од меч и собрана од Моите народи, на Израелевите гори, некогаш долго пусти: откако ги изведов од народите, сите живееја спокојно.

9. Ќе се дигнеш, ќе дојдеш како невреме, како облак што ја покрива земјата, ти и твоите чети, а со вас многу народи!”

10. Господ Бог зборува вака: „Во тој ден мислите ќе ти се ројат во срцето и ќе сковаш лош наум.”

11. Ќе речеш: ‘Ајде да се кренам против небранетата земја, да нападнам на мирен народ што живее спокојно без ѕидови, и без лостови, и без врати:

12. па да се награбам плен и да се напљачкам пљачка - да ги ставам рацете на урнатините пак населени и на народот собран од народите, кој се занимава со стада и со имот и кој живее во средиштето на земјата.’

13. Сава, Дедан и тарсиските трговци и сите нивни лавчиња ќе те прашаат: ‘Зар затоа доаѓаш да плениш? И зар заради грабеж собра толкав куп, за да го однесеш среброто и златото, за да го ограбиш добитокот и имотот и да плениш голем плен?’”‘

14. Затоа пророкувај, човечки сине, и речи му на Гога: ‘Господ Бог зборува вака: „Во оној ден кога Мојот Израелев народ ќе живее спокојно, ти ќе се дигнеш!

15. Ќе дојдеш од своето седиште, од крајниот север, ти и многу народи со тебе, сè сами коњаници, големо мноштво, голема војска.

Прочитајте целосна глава Езекиел 38